За нас

Центарот за странски јазици МАКСИМУС постои од 2003 година, најпрво како составен дел на некогашното ЛА ВИСТА, а како самостојно училиште со ново име и управа од септември 2009 година. Во него се изучуваат сите поактуелни европски јазици: италијански, шпански, француски, англиски, грчки, албански, португалски, руски, турски и германски. Центарот располага со високо квалитетен стручен кадар на професори со повеќегодишно работно искуство и кои веќе се докажани како стручни и професионални во нивната област.

Недела на италијанскиот јазик - 2007Во текот на целокупното постоење училштето постојано ги следи најновите методи и програми во изучувањето на странските јазици и се труди на најинтересен начин да го долови јазикот до слушателите. За таа цел професорите несебично ги дополнуваат предавањата со актуелни теми и секогаш се на располагање за какви било консултации надвор од предвидениот час. Освен тоа се организираат голем број на активности во кои што учествуваат самите слушатели како театарски прeтстави,тематски забави и други настани.

Сето тоа го прави училиштето единсвено по неговата позитива и креативна атмосфера и им овозможува на слушателите да ја покажат својата креативност и талент и секако да стекнат нови пријателства.

Сепак, јазикот кој што е најмногу застапен во училиштето е италијанскиот, а веднаш до него е шпанскиот јазик. Поради тоа слушателите од повисоките степени имаат можност да следат часови по конверзација со професори на кои што овие јазици им се матични.
Вреди да се спомене и повеќегодишната соработка што МАКСИМУС ја има со Италијанската амбасада во Македонија и поради тоа секоја година зема активно учество во настанот организиран од амбасадата по повод "Недела на италијанскиот јазик", на којшто секогаш имаме забележителен настап .

Reggio Calabria-2005МАКСИМУС има соработка со универзитетот за странци "Данте Алигиери" од Реџо Калабрија- Италија кој што секоја година организира курсесви по италијански јазик за странци. Тоа е одлична можност за луѓето што го изучуваат овој јазик да ја посетат прекрасната Италија, да ја запознаат нивната култура , да го усовршат јазикот и секако да уживаат на преубавите плажи на Тиренското и Јонското море.
 
Од Галериите
  • Reggio Calabria
  • Журки
  • Недела на италијанскиот јазик
  • Претстави
Присутни
Има 4 гости присутни