Летни курсеви во Италија

Reggio Calabria-2008Училиштето Максимус соработува со факултетот за странци "Данте Алигиери" од Reggio Calabria од 2004 година кој што организира курсеви по италијански јазик за странци.
Тие се поделени на 6 нивоа: А1; А2; Б1; Б2; Ц1; Ц2 според светските стандради и се посетуваат врз основа на сопственото знаење верифицирано по пат на тестирање на самиот факултет. Часовите се одржуваат во претпладневниот период од понеделник до петок од 9.00 до 12.45.
Овој факултет постои од 1984 год. и секоја година е се повеќе посетен од слушатели што сакаат да го научат или усовршат италијанскиот јазик.
Ова се должи на интересните предавања од страна на високо професионалните професорите кои се секогаш многу пријателски расположени, а секако и на можноста што ја нуди овој по многу нешта посебен град.

Reggio Calabria се наоѓа во јужна Италија, на самиот теснец кој ги поврзува Калабрија и Сицилија. Излегува на Јонско и Тиренско море и има околу 200.000 жители. Овде имате можност да се запознаете со многу гостољубиви и пријатни домаќини и да стекнете многу пријателства со луѓе од целиот свет. Овде можат да се задоволат апетитите на сите вкусови дури и на најпребирливите.

Доколку сте гурмани тогаш ќе уживате во слткарските специјалитети карактеристични за овој дел, посебно во незаменливиот сладолед, во вкусното аранчино и секако ќе го вкусите бергамотото на кое што мештаните се многу горди. Секако тука е и карктeристичниот италијански доручек со капучино и неoддоливиот кроасан...

Ако пак ве интересира културниот живот тогаш ја имате можноста да го посетите археолошкиот музеј во којшто што се наоѓаат познатите скулптури од бронзи од 5 век пред нашата ера познати како "Bronzi di Riace"; да уживате во многу концерти на познати италијански ѕвезди или да гледате филм на отворено т.е на самата плажа...

И секако за сите оние кои се вљубеници во ноќниот живот, Reggio Calabria изобилува со многу летни барови и дискотеки, од кои повеќето се лоцирани на самите плажи. Забавите често знаат да бида тематски или пак да има гостувања на познати диџеи.

За време на викендите се организираат факултативни екскурзии во Калабрија: Тропеа, Џераче, Шила или на Сицилија: Таормина, Месина, Палермо, вулканот Етна, Сиракуза, Јолските острови и др.
 
Од Галериите
  • Журки
  • Reggio Calabria
  • Претстави
  • Недела на италијанскиот јазик
Присутни
Има 4 гости присутни